Достапни линкови

Рим: Од денеска забрането пушење на јавни места


Во Италија од денеска важи забраната за пушење на јавни места, вклучувајќи ги рестораните и баровите. Околу петнаесет милиони пушачи во таа земја, според последната анкета, го поддржуваат ваквиот чекор. Овој закон требаше да стапи во сила на први јануари, но министерот за здравство Џироламо Сирчиа го одложи тоа со цел да не ги расипе прославите за дочекот на Новата Година. Ваква целосна забрана на пушењето на јавни места претходно воведоа Ирска и Норвешка.
XS
SM
MD
LG