Достапни линкови

Западен Брег: Палестинците избираат наследник на Јасер Арафат


Околу 1,8 милиони Палестинци со право на глас денеска избираат нов претседател на палестинската власт, наследник на Јасер Арафат, кој почина во ноември. На изборите учествуваат седуммина кандидати, а според анкетите фаворит е, лидерот на Палестинската Ослободителна Организација Махмуд Абас. Полицијата соопшти дека околу 1,500 израелски безбедносни сили се распоредени во источен Ерусалим за изборите да поминат во најдобар ред. Околу 800 меѓународни набљудувачи, најмногу од Соединетите држави, меѓу нив и поранешниот американски претседател Џими Картер, како и околу 2,000 нивни локални колеги ќе ги набљудуваат изборите. Првичните резултати се очекуваат вечерва, а официјалните резултати ќе бидат објавени утре. Во меѓувреме, медиумите ја пренесуваат изјавата на израелскиот премиер Ариел Шарон во која вели дека „е подготвен да се сретне со победникот на изборите во најкус можен рок.“
XS
SM
MD
LG