Достапни линкови

Техеран: Уапсен висок ирачки разузнавач


Иранската новинска агенција Мехр, јави дека висок ирачки разузнавач е уапсен во западен Иран. Агенцијата се повикува на доброинформирани безбедносни извори, кои велат дека неименуван човек бил испратен во граничната област Курдистан, од страна на ирачкиот министер за одбрана Хазем ал Шалан, за да фалсификува документи со кои би се потврдиле обвинувањата на ирачкиот министер за одбрана Шалан, дека Иран стои зад немирите во Ирак и контактира со бунтовниците. Официјален Техеран неколкупати ги отрфли обвинувањата.
XS
SM
MD
LG