Достапни линкови

logo-print

Најроби: Потпишан мировен договор меѓу суданските власти и бунтовниците


Суданската влада и бунтовниците од јужниот дел на земјата денеска во главниот град на Кенија Најроби потпишаа детален мировен договор што официјално ја завршува најдолгата граѓанска војна во Африка. Договорот беше потпишан од од суданскиот потпретседател Али Осман Таха и водачот на бунтовниците Џон Гаранг, на церемонијата на стадионот во Најроби, на која присуствуваа и бројни африкански државници, како и американскиот државен секретар Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG