Достапни линкови

Белград: Министерот за одбрана на СЦГ во посета на Прешево


Министерот за одбрана на Србија и Црна Гора Првослав Давиниќ денеска е во посета на прешевскиот регион, поради убиството на 16-годишниот Гашим Хајрулаху. Ова албанско момче беше пронајдено вчера во близина на село Миратовац во пограничната зона со Македонија. Официјалното соопштение за случајот се очекува денеска. Синоќа стотина албанци одржаа протестен собир во селото Миратовац.
XS
SM
MD
LG