Достапни линкови

Божиќ, раѓањето Исусово


Милиони православни христијани во светот денеска го слават Божиќ. Архиепископот Охридски и Македонски Стефан денеска во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје ја богослужи Златоустовата литургија. На церемонијата во Светата земја во Витлеем местото на раѓањето на Исус Христос учествуваше и водечкиот кандидат за неделните претседателски избори во Палестина Махмуд Абаз. Пораки за мир се испратени од сите помесни православни цркви, а Рускиот патријарх Алексеј посебно упати пораки за мир во срцата на Украинците каде што завладеаа длабоки поделби по недодамнешните претседателски избори. Во Украина пак божиќни честитки упатија и претседателот на заминување Леонид Кучма, како и победникот и поразениот на претседателските избори. Виктор Јануковиќ и Виктор Јушченко.
XS
SM
MD
LG