Достапни линкови

Багдад: Еден американски војник загинал, а двајца повредени во ракетен напад


Еден американски војник загинал, а двајца биле повредени во синоќешниот ракетен напад врз нивната патрола на северот на Ирак, јавија агенциите повикувајќи се на соопштението на командата на американската војска во Багдад. Се прецизира дека патролата била нападната во близина на градот Мосул кој се смета за едно од најопсното место за сојузничките сили во Ирак. Привремениот министер за национална безбедност Касим Давуд веќе најави дека ирачките сили, поддржани од американските трупи, наскоро ќе започнат офанзива против бунтовниците во Мосул.
XS
SM
MD
LG