Достапни линкови

Киев: Јушченко ветува модерна пазарна економија


Ново избраниот украински претседател Виктор Јушченко во обраќањето до граѓаните преку полски ТВ Канал вети модерна пазарна економија чии резултати Украинците ќе ги почуствуваат за една година. Стратегијата на владата, според претседателот Јушченко, ќе биде европска интеграција не поради личната популарност туку заради високите стандарди на демократија, социјална политика и функционирањето на економијата. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера сугерираше дека Москва ќе соработува со Јушченко иако го подржуваше Јануковиќ на изборите.
XS
SM
MD
LG