Достапни линкови

logo-print

Багдад: Убиен гувернерот на Багдад Али Ради ал Хаидари


Гувернерот на Багдад Али Ради ал Хаидари денеска е убиен од заседа. Како што соопштија, полициски извори, вооружено лице стрелало во автомобилот на Хаидри во Багдад при што загинал и еден од неговите телохранители. Тој е највисоко официјално лице убиено во атентат по убиството на шефот на владеачкиот ирачки совет во Мај минатата година. Американскиот државен секретар Колин Пауел осудувајќи го убиството на прес конференција на Тајланд рече дека елементите на поранешниот режим не сакаат да се случат избори во Ирак. Агенциите јавуваат и за експлозија во западниот дел на Багдад пред станица на ирачката национална гарда предизвикана од автомобил бомба. Во експлозијата загинале најмалку 10 луѓе, а 50 биле ранети.
XS
SM
MD
LG