Достапни линкови

Тајланд: Посета на американскиот државен секретар Колин Пауел


Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска е во посета на Тајланд со цел да се забрза хуманитарната помош за подрачјата погодени од катастрофалното Цунами, кое однесе околу 144 илјади човечки животи. Во американската делегација е и гувернерот на Флорида, Џеб Буш, брат на претседателот Џорџ Буш. Во меѓувреме, Индонезија се подготвува за меѓународната донаторска конференција што треба да се одржи во четврток во Џакарта. Главните напори сега се фокусирани врз доставувањето помош за милиони луѓе во 11 држави, погодени од бранот Цунами. Хуманитарците изјавуваат дека ситуацијата и натаму е хаотична.
XS
SM
MD
LG