Достапни линкови

Загреб: Денеска претседателски избори


Околу 4,4 милиони избирачи во Хрватска и во странство денеска по четврти пат од самостојноста на земјата ќе изберат претседател. Во трката за претседател учествуваат 13 кандидати, но само двајца имаат реални шанси да ги минат следните пет години во претседателската палата - актуелниот претседател Стипе Месиќ и министерот за семејство, ветерани и меѓугенерациска солидарност, Јадранка Косор. Според последните анкети на јавното мислење, Месиќ, кој настапува како независен кандидат, но зад чија кандидатура застанаа главните опозициски партии предводени од Социјалдемократската партија и Хрватската народна партија, ужива поддршка на околу 50 отсто од граѓаните.
XS
SM
MD
LG