Достапни линкови

Вашингтон: Колин Пауел во посета на Јужна Азија


Американскиот државен секретар, Колин Пауел, и гувернерот на Флорида, Џеб Буш, брат на американскиот претседател Џорџ Буш, денеска ќе отпатуваат во регионот со цел на лице место да се запознаат со потребите на погоденото население. Се стравува оти преку 150.000 луѓе загинаа во брановите цунами. Координаторот на ОН за хуманитарна помош, Јан Егеланд, кој ја изнесе трагичната прогноза, смета дека можеби никогаш нема да биде утврден точниот број на жртвите. Се претпоставува дека илјадниците лица кои се водат како исчезнати повеќе не се живи.
XS
SM
MD
LG