Достапни линкови

Сиднеј: Анан оцени дека се потребни 10 години за опоравување на Јужна Азија


Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан оцени дека ќе бидат потребни 10 години регионот на југоисточна Азија да се опорави од катастрофалните последици од брановите цунами предизвикани од земјотресот кај Суматра. Тој им се обрати на новинарите пред заминувањето во Џакарта, главниот град на Индонезија, каде ќе се одржи меѓународна конференција на донаторите заради договорот за хуманитарна помош за земјите од јужна и југоисточна Азија погодени од катаклизмата. Генералниот секретар и порано повикуваше на "глобален договор околу катастрофата без преседан во тој регион".
XS
SM
MD
LG