Достапни линкови

Њујорк: Ветената помош за азиските земји 2 милијарди долари


Меѓународната заедница вети две милијарди долари помош за земјите од југоисточна Азија, а генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан веројатно ќе ја посети Индонезија идната недела, изјави денеска заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Јан Егеланд. Тој рече дека донациите се зголемиле од 1,2 милијарди на две милијарди долари главно благодарение на ветувањето на Јапонија дека ќе издвои 500 милиони долари, што е најголема поединечна донација досега. Донации исто така ќе обезбедат 40 земји и Светската банка.
XS
SM
MD
LG