Достапни линкови

Њујорк: 1,1 милијарди долари помош за настраданите во Азија


Повеќе од 1,1 милјарди долари помош според најавите, ќе бидат обезбедени за жртвите од земјотресот и брановите цунами во јужна Азија, соопшти синоќа претставник на Обединетите нации. „Секоја час бележиме нови понуди за помош, досега стигнавме до вредноста меѓу 1,1 и 1,2 милијарди долари", изјави на прес-конференцијата координаторот на ОН за итна помош во кризните жаришта, Јан Егеланд. Во оваа сума влегуваат и 350-те милиони долари американска помош што ја најави претседателот на САД, Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG