Достапни линкови

Луксембург: Од денеска Луксембург претседавач со ЕУ


Луксембург денеска го презеде претседавањето во следните шест месеци со Европската унија. Претседавачот со Унијата, премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер се надева дека на следниот самит на ЕУ во март, посветен на конкурентноста на европската економија, ќе биде постигнат договор за реформа на Пактот за стабилност, а ќе стане збор и за стратегијата за одржлив развој. Најважен настан во рамките на луксембуршкото претседавање, единаесетто по ред за таа земја која има 444.000 жители, ќе биде без сомнение посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на 22 февруари, кој треба да се сретне со евродипломатите. Дваесет и петте земји-членки на ЕУ во април ќе потпишат договор за приклучување на Бугарија и Романија, што треба да влезат во Унијата во 2007 година, а на 17 март треба да почнат преговорите со Хрватска.
XS
SM
MD
LG