Достапни линкови

logo-print

Белград: Ограбена фирмата „Градски транспорт“


Тројца вооружени мажи во текот на ноќта ја ограбиле фирмата Градски транспорт на Белград при што однеле 20 милиони динари (254.000 евра), соопшти полицијата. Повеќето од украдените пари биле за плати на вработените. Полицијата го блокираше движењето низ Белград неколку часа, но акцијата беше неуспешна. Во кражбата не настрадало ниту едно лице. Во централата на компанијата имало обезбедување, но не успеале да ги спречат крадците.
XS
SM
MD
LG