Достапни линкови

Македонија дефинитивно чекори напред


2004-та беше година на успеси но и проблеми и тешкоти, година во која Македонија се соочи со големи предизвици, оцени претседателот Бранко Црвенковски во обраќањето во кое ги сумираше резултатите од минатата година.

„Во годинава што веќе измина ни се случија и убави и лоши работи имавме успеси но имавме и проблеми и тешкотии. Ви знаевте да ги препознаете клучните прашања, да бидете гласот на разумот и да донесете правилни одлуки.“

Шефот на државата посочи дека и дел од определбите не беа остварени, но оти токму тие работи ќе бидат приоритет во наредната година.

,,Во 2004-тата година не се оствари нашата определба за поголем економски раст, намалување на невработеноста, за повисок стандард на граѓаните. Тоа останува главна задача за наредната 2005-та година. Тоа е приоритет над сите приоритети.“

До остварување на определбите за економски развој во наредната 2005-та година, Црвенковски на граѓаните од кои голем дел како што рече, се соочуваат со сиромаштија и други проблеми, во новогодишната честитка им посака.

„Јас икрено посакуваам овие новогодишни и божиќни празници да донесат мир, спокојство, добро здравје и подобар живот на сите вас. Нека претстојните празници не потсетат дека најголемата среќа е во едноставните работи, во топлината на семејството и насмевката на најмладите.“

И покрај сите проблеми со кои се соочува земјава, претседателот со ветување дека ќе се постгнат резултати:

„Македонија е млада и мала земја со многу проблеми. Но искушенијата низ кои поминавме предизвиците кои ги совладавме не прават и поцврсти и посилни. Ако во периодот кој доаѓа демонстрираме решителност и единство ќе бидеме многу поголеми, а успесите ќе бидат позначајни и поостварливи. Патот кој го одбравме е вистинскио. Резултатите ќе дојдат. Македонија дефинитивно чекори напред.“
XS
SM
MD
LG