Достапни линкови

Македонските граѓани главно незадоволни од економската ситуација


Некаде помеѓу реткиот оптимизам дека ситуацијата ќе се среди, но најмногу со се поприсутниот песимизам дека животот е неиздржлив, и дека ништо ново нема да донесе новата 2005, се движат оценките на граѓаните и сумирањето на настаните од годината што заврши.

„Владата да падне, ние да почнеме да живееме, инаку ние немаме живот со оваа влада,“

ова му е најголема желба на еден скопјанец во пресрет на Новата Година. Во контекст на одговорот на овој наш сограганин, како оценка за годината што измина, на прашањето зошто, следувааат лавина од одговори од останатите граѓани, воедно како нивна оценка за настаните кои ја одбележаа старата година, а кои очекувано се однесуваат на лошата економска и политичка ситуација:

„По сите политички случувата што ни се случија, мир немаме уште, наводно се е исполнето од Рамковниот договор, а ништо не е исполнето. До кога вака? Најдобро е да ја заборавиме 2004 економската ситуација е катастрофална.“

„Старата година помина. Економската ситуација е катастрофа, владата нема план и стратегија.“

„Има многу работи што треба да се заборават во 2004.“

„Може само полошо да биде.“


А што очекуваат од новата, желбите исто како и пред година две:

„Да биде подобро.“

Кога станува збор за личните желби:

„Да бидам богат!“

вели еден млад скопјанец. И кога барем на кратко ќе помислите дека неговата желба е поврзана со младешката имагинација за патувања, забава, и оваа желба е во врска со општествените случувања во земјава.

„За да ми олесни во животот. Здравје, доктори за пари, среќа, пари пак се тоа.“

Поинаква желба и можеби со полголема можност за исполнување има едно од многуте како што ги нарекуваат деца на улица.

„Па, да имаме се, пакетче, да одиме на плоштад.“

Скопје го красат многу улични дедо мразовци, во човечка големина кои играат и пеат, им се воодушевуваат и децата но и повозрасните, разликата е што помладите веруваат дека исполнува желби.
XS
SM
MD
LG