Достапни линкови

Живот во примитивни бараки и даски од картон без елементарни услови


Во примитивни бараки од даски и картони, без елементарни услови за живот и во соба од десетина метри квадратни живее седумчленото семејство Али. Ова и уште десетина други семејства населени во областа Стара Кланица покрај кејот на Вардар секојдневно се борат да преживеат:

,,Што да ви кажам, еве гледате каков живот живееме, мизерен. Ние сме најзагрозени. Помош немаме од никого, веќе 30-40 години. Живееме без вода, без струја. Цел живот го поминуваме така. Кога врне снег, дожд, ставаме корито, кофи, од секоја страна тече. Ноќеска е ладно, децата ги покриваме со два – три јоргани,”

разкажува Севдија Али.

Поради лошите услови за живот најмладите членови на семејството често заболуваат. За лекови на болните деца пари нема, се жалат родителите.

,,Помош добиваме 1,000 денари. Ама што да правам со 1,000 денари? 50 кила брашно, ама само брашно ли ќе јадеме?”

Најстариот член на семејството Али, 57 годишниот Ариф, секој ден претура по контејнерите за да најде парче леб и да го прехрани своето семејство

,,Збирам хартии по контејнери, леб што наоѓам. Дневно земам 150 – 200 денари за парче леб. Се мачиме. А, ладно е сега, не сум само јас, има доста народ што шета по контејнери, тоа е живот што да правиме, друг живот немаме.”

Најтешко ни е сега, пред нова година, кога сите купуваат подароци за децата, а ние немаме ни за леб, додава Али. Најголема новогодишна желба на децата кои живеат таму е да ги посети Дедо Мраз и да им донесе:

,,Пакетче. Храна да ни донесе.”
,,Пакетче”


Овие луѓе жиеват со надеж дека некој ќе се сети на нив и ќе им помогне полесно да ја преживеат годината што доаѓа.
XS
SM
MD
LG