Достапни линкови

logo-print

Потпишана политичка согласност и меморандум за нафтоводот АМБО


Проектот на американскиот конзорциум за изградба на 900 км долгиот нафтовод за транспорт на сурова нафта од бугарското пристаниште Бургас, преку Македонија, до албанското пристаниште Валона, има големо значење за регионот, како од економски, така и од политички аспект, вели Борис Рикаловски, поранешен министер за стопанство и експерт кој беше вклучен во работната група во проектор АМБО:

„Во голема мерка ќе придонесе за економско и севкупно поврзување на стопанствата на овие земји, затоа што проектот е од трајна вредност, со големо значење и голема инвестициона вредност. Може да биде проект кој ќе развие и одредени дејности во секоја од земјите низ којшто минува и во сите нив заедно. Според тоа има еден регионален стабилизирачки карактер, особено на балканскиот простор, значи има и политичка тежина, освен економската.“

Освен регионалното значење на АМБО, кој во 30 проценти од неговата површина ќе минува низ Македонија, во земјава ќе овозможи повеќекратни добивки на економски план, оценува портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски:

„Само за транспортна таска годишно ќе се инкасираат 20-30 милиони долари. Во акционерксиот капитал Македонија ќе добие 80 милиони долари, кој ќе се добие со давање на правото за користење на државно земјиште кадешто ќе поминува нафтоводот, значи ќе користи и профит од работата на нафтоводот.“

Со други зборови, од стартот на работата на нафтоводот АМБО ќе порасне и рејтингот на Македонија кај странските инвестициони компании, и воопшто во регионот:

„Со оглед на тоа што ваков проект којшто е од глобално значење за светската економија, а поминува низ Македонија и дава за право на земјата дека ќе биде ставена на картата на земјите атрактивни за странски инвестиции.“

„Исто така и политичкиот и безбедносниот аспект е значаен, затоа што тој објект ќе бара безбедносни и сигурносни мерки, кои ќе гарантираат негова долгорочна употреба.“


целат Пачемски и Рикаловски.

Проектот на американскиот конзорциум е инвестиција од 1,2 милијарди долари. За неговата изградба ќе бидат потребни 2,5 години. Конзорциумот ќе има право на користење на нафтоводот од околу 25 години, што ќе биде прецизирано со дополнителни договори.
XS
SM
MD
LG