Достапни линкови

logo-print

Азија: Најмалку 28 илјади загинати во земјотресот најнов, но не и конечен биланс жртви


Најмалку 28 илјади загинати е најновиот биланс, но не и конечен, од земјотресот што во неделата ја погоди Јужна Азија. Најтешко беше погодена Шри Ланка, каде што досега се регистрирани 12 илјади загинати. Во Индија 9 илјади луѓе настрадаа, во Индонезија околу 6 илјади и на Тајланд околу илјада. Стотици туристи во тие региони сеуште се сметаат за изчезнати. Обединетите нации соопштија дека причинетите штети се веројатно најголеми досега предизвикани од природна катастрофа. Од сите страни на светот пристигнуваат спасувачки екипи и хуманитарна помош.
XS
SM
MD
LG