Достапни линкови

Киев: Украинскиот премиер Јанукович одби да го признае поразот


Украинскиот премиер Виктор Јанукович одби да го признае поразот на претседателските избори и најави поднесување жалба до Врховниот суд поради, како што изјави, нарушување на уставните и човековите права за време на гласањето. Претходно, меѓународните посматрачи оценија дека гласањето поминало многу по фер во однос на поништениот втор круг од 21-ви ноември. Според речиси целосните резултати од повтореното гласање во неделата, победеник е опозициониот кандидат Виктор Јушченко со освоени 52 насто.
XS
SM
MD
LG