Достапни линкови

Ерусалим: Усвоени мерки што треба да помогнат за одржување на палестинските избори


Израелската влада усвои низа мерки кои треба да помогнат во одржувањето на палестинските избори закажани за деветти идниот месец и на кои треба да биде избрана новата палестинска управа, по смртта на Јасер Арафат. Мерките, меѓу другото, предвидуваат поголема слобода на движење од оние што палестинците ги имаа во изминативе четири години и повлекување на израелските сили неколку дена пред гласањето. Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека Израел мора да му покаже на целиот свет оти дозволува одржување слободни и чесни избори.
XS
SM
MD
LG