Достапни линкови

Токио: Јапонија бара враќање на сите Курилски острови од Русија


Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми денеска во Токио повтори дека Русија мора на Јапонија да и ги врати сите Курислки острови кои Москва ги зазема на крајот од Втората Светска Војна. Изјавата на Коизуми дојде откако на вчерашната прес конференција во Москва рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена на Јапонија да и врати само два острова. Москва и Токио имаат дипломатски односи, но, поради отвореното прашање со овие острови, се уште немаат потпишано договор за официјално завршување на Втората Светска Војна.
XS
SM
MD
LG