Достапни линкови

logo-print

Москва: Путин го бранеше купувањето на Јукос од страна на државата


Рускиот претседател Владимир Путин денеска силно го бранеше купувањето на нафтената компанија Јукос од страна на државната компанија. Според Путин, државата употребила легални пазарни механизми за да ги обезбеди своите интереси. Претходно руска државна компанија Роснефт соопшти дека станала сопственик на Јукос – главниот производител на руската нафта. Роснефт купила 100 насто од акциите на Бајкалската финансиска група односно претходно непозната фирма која мината недела го купи Југанснефтгас помошно тело на Јукос за 9 милијарди и 300 милиони долари.
XS
SM
MD
LG