Достапни линкови

logo-print

Минимизирање на можностите за злоупотреба


Намалување на дискреционите права на владините министри, за минимизирање на можноста од нивна евенутална злоупотреба во коруптивни ситуации, ова е иницијативата за чија реализација се заложија министрите од новиот состав, во рамки на првата владина седница. Едно од најголемите права кое го уживаа владините министри, беше склучувањето на договори со непосредна спогодба чија злоупотреба од страна на некои министри од претходниот владин состав, повторно го вратија површина проблемот со корумпираноста на Владата.
Во антикорупциската комисија ја подржуваат заложбата на Владата, иако сметаат дека согласно препораките од групата земји за спречување на корупцијата, ГРЕКО, процесот требал да заврши многу порано.

„Според нашите согледувања потребно е да се елиминираат дискреционите права, туку да постојат утврдени процедури. И секако, тука останува проблемот на имунитетот. Затоа што, знаете, дека единствено нашите министри имаат имунитет. Тоа беше една од основните препораки на ГРЕКО при првото оценување на Македонија што сеуште не сме ја исполниле,“

изјавува Слагана Тасева од Антикорупциската комисија.

Според професорот од Правниот факултет и член на ГРЕКО Никола Тупанчевски заложбата е во ред, но според него не е гаранција дека повторно нема да постои злупотреба на правата од страна на владините функционери.

„Злоупотреба ќе има и не само во Република Македонија. Секогаш ќе постои можност министерот да решава меѓу две понуди, меѓу две ситуации и да донесе решение. Затоа што, сепак, на крајот на краиштата тој затоа е и министер. Меѓутоа, со намалувањето на дискреционите права ќе бидат скратени можностите коишто ќе може да го поттикнат носителот на власта да ги пречекори своите овластувања.“

Професор Тупанчевски за разлика од ставот на Антикорупциската комисија за целосно укинување на цидрекционите права на државните функционери, е со поинаков став и смета дека мора да се внимава за можноста од нивно преголемо ограничување. Тој објаснува:

„Она што во иднина посебно треба да се води сметка е да не се создаде еден друг екстрем, една друга крајна ситуација, каде што ќе бидат врзани рацете на министрите, па не ќе може да решаваат за наједноставни, најрутински работи дел од министерската работа.“
XS
SM
MD
LG