Достапни линкови

Далеку од задоволувачко ниво


Бројката до 110 милиони долари што како странски инвестиции влегле во текот на годинава како апсолутна вредност, ниту од далеку не одговара со бројката што Македонија ја посакува, вели портпарлот на Министерството за економија Гоце Пачемски. Но, тој влез на странски инвестиции во голем процент се должи на продажабата на претпријатијата загубари, па оттука, според Пачемски во перспектива може да се очекува генерирање подобри резултати во економијата:

,,Ние продававме имот кој како резултат на тешкотиите што ги имаат тие претпријатија беше многу обезвреднет, оттаму апсолутната цифра на странски директни инвестиции е толку мала. Значи, ако странскиот капитал што годинава влезе во Македонија придонесе за преструктуирање на тие претпријатија и да ги направи профитабилни тогаш овие 103 милиони долари така мали како што се може да предизвикаат доста добар ефект во наредните години."

Сепак, општ е впечатокот дека генерално влезот на странски инвестиции во државата е далеку под очекувањата. Професорот по економија Христо Карталов смета дека од осамостојуавњето до денес, Македонија многу малку направила за да ги охрабри странските инвеститори за го вложат капиталот во нашата земја:

,,Бевме сведоци какви се приватизации се правеа, какви се трансакции се правеа, во минатото со општествениот капитал но и со другите сомнителни трансакции. Сите тие беа пораки што ги праќавме до странските инвеститори во светот што имаа некои намери и ја следеа ситуацијата во Македонија."

Надежите на власта задолжени за креирање на економската клима во Македонија во перспектива се свртени и кон приватниот сектор.

,,Државата ги продаде своите акции. Колку привлече странски инвестиции гледаме, тоа е мерливо, меѓутоа, колку странските инвестиции кои дојдоа во изминатиот период дојдоа во приватни компании, како резултат на пост приватизација. Мислам дека во наредниот процес тие треба да ја докажат својата посветеност за развој, преку дозвола за влез на странски инвеститори кои ќе им овозможат подобра конкурентност."

Професорот Карталов се согласува дека во приватниот сектор можеби недостасува стратегија за привлекување на странски инвестиции и капитал, но тој потсетува дека главен креатор за привлекување на странски инвестиции, треба да претставува државата и нејзините институции.
XS
SM
MD
LG