Достапни линкови

Будимпешта: Сите унгарски војници го напуштија Ирак


Сите унгарски војници го напуштија Ирак, соопшти министерството за одбрана во Будимпешта. До ова дојде откако во средината на минатиот месец парламентот не го одобри продолжувањето на мандадтот на унгарските војници во Ирак. Веднаш потоа владата реши, во рамките на мисијата на НАТО за обука на ирачките сили, да упати сто и пеесет унгарски војници. Владата не треба да бара одобрување од парламентот за учество на Унгарија во мисии на НАТО.
XS
SM
MD
LG