Достапни линкови

logo-print

Македонија на врвот на листата по смртноста на новороденчињата


И покрај современизацијата во здравствениот систем, Македонија во неколку извештаи од домашните и меѓународните институции, постојано се наоѓа на врвот од листата според бројот на морталитетот на новороденчињата. Најновите анализи повторно го потврдуваат овој податок, и говорат дека по Албанија, Македонија се наога на второто место според бројот на умрени новороденчиња. Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на минатата година забележано е зголемување на бројот на умрените доенчиња за 7,8% во споредба со 2002 година, или пак учеството на умрените доенчиња на вкупно 100 умрени лица, изнесува 1,7%. ,,Ваквите загрижувачки факти, според здравствените експети, пред се СЕ должат на лошата економска ситуација во земјава.

,,Треба да се прават почести гинеколошки контроли, а невработеноста го прави своето и тие контроли не може да се направат,”

објаснува д-р Кирил Георигев, од гинеколошко-акушерската болница Чаир.
Според д-р Георгиев, освен лошата економска ситуација во земјава, втората причина за смртноста кај новороденчињата се должи и на нискиот степен на вакцинација, посебно кај одредени етнички заедници во земјава.

,,Неколку години имаме проблем со вакцините.”

На проблемот со вакцинацијата гледано според одредени етнички заедници во земјава, неодамна во својот извештај укажа и УНИЦЕФ.

,,Кога станува збор за здравствениот равој на македонските деца мора да се потенцира дека, во Македонија стапката на вакцинација на децата изнесува 92%. Тоа е добар индикатор, но повторно ако се погледне поединечно на различни области во земјата, како што се пооодалечени, ,,позатурени,, планински места, и ако се погледне според етничката припадност на заедниците, таму ќе се види дека стапката е многу пониска,”

вели Хонгвеј Гао, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Она на што посебно предупредуваат здравствените експерти е тенденцијата на зголемување на смртноста на доенчињата во иднина, а имајки го во предвид и намалувањето на степенот на раѓања, говори за една аларманта ситуација.

,,Се очекува ситуацијата да биде уште подрастична,”

заклучува д-р Георгиев.
XS
SM
MD
LG