Достапни линкови

Граѓаните не и веруваат на владата


Расположението меѓу луѓето во Македонија со кое што може да се опише амбинтот во кој помина изборот на новиот трет по ред состав на владин кабинет главно може да се сведе на незаинтересианоста. Под влијание на последните служувања како што е Кондово каде полицијата немаше пристап од страна на вооружени лица, но и незадоволството во континуитет од социјално-економските прилики во државата граѓаните велат:

,,Не гледам ништо, ниту ТВ, ниту ништо, ме заморуваат, не можам да размислувам за напред.”
,,Не верувам ниту во оваа, ниту во минатата влада, народот е целосно разочаран.”


Отсуството на внимание меѓу луѓето за случувањата во политичкиот живот според социлозите претставува логицна последица на лошите резултати во социјалниот и економски живот во државата. Професорот Илија Ацевски кој политиката ја споредува вештина на натпревар за постигнување подобри резултати оценува:

,,Изборот на владата е слично како избор на репрезентација која игра и постојано губи подолг временски период. Се случува еден психолошки момент, во којшто се повеќе луѓето се убедени дека изборот на нова влада не значи ништо.”

Незаинтресираноста на луѓето кон случувањата во политичкиот чивот на дрчавата според професорот ацевски сепак не е конецна состојба туку само фаза како последица на акомулирано нездоволство

,,Нашата наводна незаинтересираност не е како во една стабилна земја на Запад. Тоа е во ситуација, кога луѓето како да се свижат по минско поле, она што е мирно и наводно незаинтересирано може многу лесно да ескалира и многу тешко понатаму да се контролира. Тоа е опасноста.”

Просторот за надеж меѓу граѓаните дека политиката што е на влсат ќе овозможи излез од социјалната апатија засега е тесен. По полседните ветувања од новиот премиер за подобрување на економските и социјланите прилики оптимизмот меѓу граѓаните останува да провејува како веќе слушната реторика од политичкиот вокабулар:

,,Добро е што зборуваат, ама на дело слабо им оди.”
XS
SM
MD
LG