Достапни линкови

Не си веруваме, ни требаат странски претставници


Средбите на претставниците на политичките партии во Македонија слични на таа во Маврово се корисни, а учеството и организацијата на средбите од меѓународниот фактор се дополнителна гаранција и мотивација за присуствувањето на сите политички фактори во земјава:

,,Тие се важни средби, особено кога се има предвид дека се организираат со посредство на меѓународната заедница,"

вели портпаролот на ДПА Сулејман Рушити. За Рафиз Халити од ДУИ ваквите средбите се во интерес на партиите и граѓаните

,,Со самиот факт што седуваат опозицијата и позицијата, мислам дека е добивка за граѓаните да се отворат темите."

Додека Коце Трајановски семата дека ваквите средби се некорисни:

,,Сметам дека треба да има некои предуслови, а тоа е да има стабилни партии и политичари. Значи, да го почитуваме тоа што ќе го договориме. Како чин го подравувам, ама до сега се покажа дека нема врска и треба време да созреваме за да може таквите средби да значат нешто."

Праксата да се соберат партиите на власт и тие опозициските на едно место само кога средбите се организираат од меѓународниот фактор а тоа да не е случај кога середбите се организираат од државните институции според политичарите се должи на меѓусебната недоверба

,,Тоа се должи на таа наша недоверба, значи нема изградено до крај искреност што треба да ја имаме како политички партии."

Ова е ставот на Коце Трајановцски . За Сулејман Рушити лошите искуства од минатао се главната причина зошто не може без присуство на межународниот фактор сите политички фактори да седната на иста маса

,,Имаме лошо искуство да не се почитуваат договорените нешта."

Доколку сами не ги почитуваме институциите како можеме да очекуваме некој друг да ни ги почитува е ставот на Рафиз Халити од ДУИ кој смета дека овој тренд во иднина ќе се промени

,,Ако така продолжиме тогаш не случајно ќе кажеме дека ако ние сами не ги признаваме институциите, самите бараме да не признаваат другите, мислам дека со време ќе треба и тоа да се надмине."
XS
SM
MD
LG