Достапни линкови

logo-print

Дигитализирање на 15 милиони книги од пет библиотеки во светот


Aмериканската компанија Гугл, еден од водечките интернет пребарувачи обзнани ноив проект за дигитализирање на 15 милиони книги од 5 библкиотеки во светот, кои потоа ќе има бидат достапни на интернет корисниците секаде во светот. Станува збор за исчекор во историјата на човековото знаење кое се споредува со Гутемберговата револуција.

Замислете да имате инстант копјутерски пристап до книгите во наголемите бибилотеки во светот. Ваквиот сон станува реалност.

Најголемиот интернет пребарувач Гугл склучи договор со 5 врвни истражувачки библиотеки во светот за дигитализација на милиони нивни книги што ќе можат да им бидат достапни на интернет корисниците.
Ема Линкер е портпарол на лондонската експозитура на Гугл, која инаку е американска компанија

„Гугл работи со библиотеките за проширување на нашиот програм. Тој има за цел да го отклучи богатството на информации во печатените матерјали како што се книги, магазини и да ги направи достапни на претражување преку интернет. Наша мисија е да ги направите информациите универзално достапни за корисниците од Велика Британија до Авганистан“

За Роланд Мајлн кој раководи со библиотеката на оксфордскиот универзитет Бодлеин станува збор за извонреден чекор напред во историјата на човековото знаење

„Јас мислам дека ова е еден вид револуција слична на онаа кога Гутенберг го воведе печатењето на книгите 1450-тата. Неговиот пронајдок на печатна преса овозможи ефтина дистрибуција на книгите. А сега имаме натамошен напредок, преку дигитализацијата книгите преку интернет ќе им бидат достапни на сите.“

Проектот на Гугл опфаќа речиси една петина од библиотеката на Бодлеин универзитетот.

„Во библиотеката на Боидлеин имаме околу 8 милиони наслови. Околу еден и пол милион ќе бидат дигитализирани според договорот со Гугл. Но не се исклучува можноста проектот да биде проширен подоцна.“

Представниците на Гугл проценуваат дека ќе им бидат потребни 6 години за дигитализација на околу 7 милиони наслови само од библиотеката во Универзитетот Мичиген. Јавната библиотека во Њујорк на Гугл ќе му стави на рапослагање само мал број наслови кои веќе не се заштитени со авторски права. Харвард се реши да даде 40 илјади книги.

Се разбира гугл има намера да профитира од целиот потфат преку реклами. Но вети дека нема да прикачи никаква реклама на матерјалот што ќе биде дигитализиран. Тоа значи дека фирмите конкуренти на Гугл, како Јаху или Амазон цом подоцна би можеле да побараат пристап до матејалите и да ги кориустат за свои цели.
XS
SM
MD
LG