Достапни линкови

Екологијата поврзана со безбедноста на земјата


Програмата за развој на ОН од 2002 година започна консултации во југо источна Еворпа, со цел да се олесни рамката за соработка од областа на животната средина, поврзувајчи ги истите со прашањата од областа на безбедноста во регионот. Меган Фал Ве, главен технички соработник на проектот, за идејата и целта на консултациите вели:

„Идејата зад ова е да се поврзе линкот меѓу животната средина и безбедноста за да се промовира регионалната соработка и подоброто менаџирање со националните богатства.“

За Фалвеј во регионот постојат неколку приоритетни прашања поврзани со животната средина и безбедноста, а кои се однесуваат и на Македонија:

„Првото и пограничниот ризичен отпад, особено кога станува збор за рударската индустрија. Напуштените рудници во регинот, со радиоактивни материи на пример, кои многу малку се контролираат можат да бидат голем ризик за животната средина и да имаат големо влијание врз безбедноста на луѓето. Втората важна област за регионот се пограничните природни богатства. Тука во Македонија тоа е делот на Преспанското езеро што го делат Македонија, Грција и Албанија, дури и охридскиот регион е таков. Третата област што е идентификувана исто во југоисточна Европа е исто во Македонија, менаџирањето со пограничните водни ресурси. Овие три области се најкритични.“

Според Фалвеј, прграмата е направена за да им помогне на земјите од регионот да се справат со овие прашања што се екстремно скапи за буџетите на владите во регионот за да може сами да ги решат, на тој начин што ќе се сврти меѓународното влијание врз нив, но и да се изнајдат средства за проекти за нивно решавање.
XS
SM
MD
LG