Достапни линкови

Ријад: Ал Каеда повика на напади на нафтените полиња во Саудиска Арабија


Огранокот на Ал- Каида во Саудиска Арабија ги повика своите приврзаници да извршат напади врз нафтените полиња во земјата која е најголем извезувач на нафта во светот. Во соопштението на ова крило на терористичката мрежа се додава дека нивните членови треба да ги напаѓаат сите странски цели во Саудиска Арабија. Прогласот уследи по минатонеделното обраќање со слична содржина на водачот на Ал- каида Осама Бин ладен. Автентичноста на снимката објавена во четвртокот е потврдена.
XS
SM
MD
LG