Достапни линкови

Производителите, откупувачите и државата имаат удел


Периодите од годината кога доаѓа да се реализира откупот на тутунот, јаболката, јагнето, на грозјето, Македонија по правило се соочува со блокади, најави за организирање на протести, палење или истурање на производите. Причината, на производителите не им се откупува произведеното или се откупува по пониски цени. Според откупувачите производстовото е со слаб квалитет, нема кредитни линии за поддршка, а државата по правило ја протежира политиката да не се меша. И сето тоа ни се случува во последните десетина години. Според експертите, секој од инволвираните субјекти имаат свој удел во формирањето на таа слика:

,,Ние немаме добри трговци и извозници,"

вели професорот од земјоделскиот свет Борис Анакиев. Државата, како што е пракса во целиот свет мора да ги храни земјоделците со информации. што како и коклу е оптимално да се произведе во актуелната година:

,,Министерствата треба да собираат информации за локалните и за подалечните пазари и да ги информираат на време земјоделците. Тоа не е скап процес."

Мора да се промени и земјоделската филозофија дека е битно само да се произведе. Без нудење на сортирано производство со постојан квалитет, не може да се очекува интерес за нашето производство на европските пазари.

,,Ние често апти имаме проблем со несоодветна амбалажа, со несортирани производи."

Непочитувањето и изигрувањето на договорите, како од производителите, така и од откупувачите дополнително ја усложнуваат ситуацијата кога ќе дојде период на откуп. На ваквата ситуација и кумува неефикасното судство:

,,Треба да се создадат нормални односи, да функционира судскиот систем за неисполнување на облигационите односи. Тоа се односи со договори меѓе два субјекти."

Доколку во меѓувреме нешто не се промени на релација, земјоделци - откупувачи - држава, македонското земјоделство ќе се соочи со уште поголеми проблеми по 2010 година кога престанува да важи асиметричниот однос во трговската размена што го има Македонија со ЕУ, односно нашите производи во овие земји да се пласираат без царина, а нивните да влегуваат во државава оптоварени со царинска стапка. По 2010 година македонскиот пазар ќе биде целосно отворен за пласирање на земјоделски производи од останатите земји.
XS
SM
MD
LG