Достапни линкови

Разрешена кризата во Кондово, една од темите на разговорите на Петерсен и македонските власти


Лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери денеска во Кондово соопштија дека во селото веке нема вооружени групи. Дојдени сме тука не да слушаме пукотници, туку да ве осигураме дека владее мирот и да докажеме дека Албанците се за мир. Сакаме да покажеме дека сме за спроведување на рамковниот договор и за интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури, изјави Ахмети. За случајот Кондово денеска разговарано и на средбите на претставникот на цивилата власт на Косово Сорен Јесен Петерсен со македонскииот државен врв.

,,Се согласивме дека тоа е прашање од билатерален интерес и оти е важно и понатаму да останеме во контакт”

изјави Петерсен. Тој за време на престојот во земјава најави и решавање на прашањето за северната граница:

,,Демаркацијата на граничната линија нема да остане нерешена кога ќе се случи почетокотт на разговорите за статусот на Косово, а тоа очекувам да се случи во втората половина на 2005 година.”

Петерсен посочи дека за статусот на Косово ке се решава во Обединетите нации:

За независноста на Косово нема да решаваат привремените институции. Прашањето за статусот ке го решава Советот за безбедност на Обединетите нации. Нема сомневање што очекува Приштина или Белград кој вели дека независноста не е опција. Сите имаат право да го кажат своето мислење, но нема да решава ниту Белград, ниту Приштина, туку Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во меѓувреме пак се продлабочува соработкаат мегу земјава и Косово. Денеска во Скопје започнаа разговори за склучување Привремен протокол за слободна трговија мегу македонската влада и УНМИК.

„Трговската размена меѓу Македонија и Косово се движи од 140 до 160 милиони на годишно ниво. Од што извозот е 120-130 милиони, а увозот 30 милиони. Ова очигледно укажува на тоа дека македонската бизнис заедница има голем интерес да ја одржува и проширува трговијата со Косово. Исто така тој интерес постои и од другата страна, од страна на бизнисмените на Косово. Според тоа, причините се длабоко економски и се основа за создавање услови и за зголемен извоз. Мислиме дека ова ќе претставува една солидна основа и за натамошно развивање на соработката и во делот на царински служби,“

изјави државниот секретар од министерството за економија, Оливера Цветановска, шеф на преговарачкиот тим на македонската страна.
XS
SM
MD
LG