Достапни линкови

logo-print

Многу „бубање“, малку пракса


Резултатите од меѓународната студија за знаења што покажаа дека нашите осмоодделенци во конкуренција со нивните колеги од 48 земји имаат потпросечни познавања во природни науки, односно дека се добри во теорија, но слаби во употребата на знаењето, не ги изненадува нивните постари колеги во Македонија. Слабите резултати, според студентите на факутелтите за природни науки во Скопје во голем дел претставуваат багаж со кои тие излегуваат од образовниот систем:

„Ние сме набубани со знаење, но без никакво снаоѓање со пракса.“
„Факт е дека ни фали насочено образование, има многу теорија, но малку пракса.“


Мирјана Малевска, професор на Штуловиот факултет во Тетово потврдува дека бруцошите што се запишуваат на оваа високо образовна институција доаѓаат со лош квалитет на знаења:

„Прво, децава од овие краишта не знаат англиски. Потоа, доаѓаат со многу слабо знаење од областа на општествените науки.“

Причините за неквалитетот во капацитетот на знаењето со кое располагаат македонските ученици, според Малевска се последица на низа од меѓусебно поврзани фактори, но главно, според неа, тие претставуваат одраз на тоа како генерално функционира системот на државата:

„Студентите многу голем дел од времето поминуваат во бифе, со кафе, а многу помал дел во библиотека и тоа се забележува во квалитетот на студирањето и она што на крај како образование ќе го добијат овие студенти. Целото општество, и државни структури и професори и сите што се занимаваат со оразование треба длабоко да се замислиме. Нема далеку да стигнеме ако нешто не се направи во оваа сфера на образование и етика.“

Според меѓународната студија за знења, послаби резултати од осмоодделенците од Македонија, покажале учениците од Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Чиле и Гана.
XS
SM
MD
LG