Достапни линкови

Утре одговор на Брисел за кандидатурата на Турција за членство во ЕУ


Решението што ќе биде донесено на овој самит ќе има огомно влијание на односите меѓу Турција и Европската Унија. Европските званичници се свесни за тоа. По средбата меѓу председателот на Европската Комисија Баросо и турскиот премиер Ердоган, портпаролката на Баросо Франсоа ле Бал изјави

„Сосема е јасно дека до состанокот дојде во клучен момент на преговорите,како што е јасно дека европското председателство прави големи напори да изјаде консезус неделава.“

Непостоењето јасна европскат позиција во однос кон Турција придонесува да останат отворени три прашања – почетокот на преговорите за членство, нивната конечна цел и Грчкиот Кипар.

Нема сомневање дека Европската Унија ќе даде зелено светло за старт на преговорите. Но дали Анкара ќе ги прифати зависи од начинот на кој ќе бидат решени трите прашања.

Најважното е почетокот на преговорите. Група земји предводена од Франција стравува дека тие би можеле да ја свртат јавноста во нивните земји против прифаќањето на европскиот устав кој оди на рефередум во секоја земја членка.
Имено една анкета на јавното мислење покажува дека мнозинството во Австрија, Германија, Луксембург, Финска и франција се спротивставува на ширењето на Унијата. При тоа општо е уверувањето дека Турција како нова членка предизвикува најмногу контроверзи.
Шефот на холандската дипломатија Бернард Бот вели дека овие анкети нема да влијаат на одлуката на самитот

„Она што се смета за важно е што мислат премиерите и шефовите на владите. Мислам дека на крајот ќе постигнеме консезус.“

Во меѓувреме Турција јасно стави до знаење дека очекува прецизен датум за почеток на преговорите. Најдоцна во другата половина на идната година.

Еднакво отворено прашање во врска со Анкара на овој самит е целта на разговорите. Имено франција и Австрија се залагаат тие преговори да бидат за некаков вид привилегирано партнерство што не го подразбира полноправното членство. Меѓутоа ваквата идеја нема подршка кај холандското председателство со Унијата. Во таа смисла Бот вели

„Турција е кандидат за членство и тоа објаснува што е крајната цел. Таа бара членство и тоа е поентата на преговорите.“

Третотот прашање е опасноста од вето од страна на грчкиот дел на Кипар. За тоа да го спречи уште пред самитот Анкара ја призна владата на грчката заедница на островот. Тензиите во традиционално лошите односи се чини попушти. Но во крајна линија тие исто така зависат од исходот на европскиот зимски самит.
XS
SM
MD
LG