Достапни линкови

logo-print

Недоверба во сопственото здравство?


Украинскиот опозициски лидер Виктор Јушченко е последен во низата високи политичари од посткомунистичките земји кои за својата здравствена состојба побараа одговор во Западните земји. Прашањето е зошто тоа го прават. Зошто не се лекуваат дома. Немаат доверба во здравството во сопствените земји или можеби не сакаат нивните сонародници да ја знааат нивната вистинска здравствена состојба.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз од Киев преку Прага и Баку до Братислава, председатели, премиери,лидери бараат медицински третман во странство.

Украинскиот опозициски лидер Виктор Јушченко е само последен пример. За Јушченко беше нормално надвор од државата да го побара одговорот за неговата болест за која се сомневаше дека е резултат на труење од страна на владеачкиот режим. Но се покажува дека и за другите лидери во Русија и поранешните советски држави западните здравствени установи се приоритетни дестинации.
Алексеј Титков од Карнеги Центарот од Москва објаснува

„Во принцип општо е уверувањето во Русија дека медицинската услуга во западните земји е многу подобра од онаа во Русија. Дури и кога станува збор за медицинската услуга која е наменеат за политчката елита.“

Се смета дека странските здравствени установи спасиле животи на многу источни политичари како што се поранешните председатели на Азербејџан Хајдар Алиев, на Чешка Вацлав хавел или на Словачка Рудолф Шустер.

Нивното заминување на лекување во странство неминовно во јавноста го актуелизира непријатното прашање, за квалитетот на домашното здравство.

Но покрај оваа непријатност лекувањето во странство има и своја предност. Тоа имено им дава можност на лидерите да ја сокријат својата здравствена состојба пред сопствениот народ. Титков во таа смисла вели

„Иако информациите можат да излезат и од болниците во западните земји, таму е тоа помалку веројатно.“

Сокривањето на информацијата за влошената здравствена состојба се должи на потребата да не се открие слабост ниту на сопствениот народ ниту на политичките опоненти.

Па така рускиот председател Владимир Путин е се чини најздравиот човек на светот. Никој не знае каде тој се лекува.

Можеби затоа што се смета дека лошата здравствена состојба на поранешниот председател Борис Елцин беше меѓу другото причината тој да добие имиџ на немоќен и несигурен човек.

Како и да е праксата за лекување во странство во јавноста нема негативна реакција, вели Титков од Карнеги Центарот во Москва

„Граѓаните на државите од поранешниот советски сојуз одењето на нивните политичари на лекување во странство го свакѓаат како нормална пракса. Тие многу повеќе реагираат на информациите за купување имот на Запад од страна на високи државни представници или испраќање на нивните деца во скапи странски школи.“

И додека политичарите од поранешпните советски држави одат на Запад,во Русија на лекување доаѓаат лидерите од Централна Азија. Председателот на Таџикистан Имомали рахмонов е на пример еден од нив.
XS
SM
MD
LG