Достапни линкови

Почнува расправата за избор на новата влада


Опозицијата ќе биде конструктивна на денешната собраниска седница на која се избира новата влада. Пред се, поради случувањата во Кондово:

„За личностите не би зборувале многу, би го потенцирале она што е суштествено за Република Македонија. Ние би ја намалиле и дискусијата, би дале тежина на случајот со Кондово. Ние сакаме да заврши расправата за Владата за два дена, за да не излезе хипотека дека не е формирана владата, ние ја одолговлекуваме расправата и на МВР не му даваме да реагира како што треба,“

вели пратеникот од ЛП Слободан Даневски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ветува дека пратениците на оваа група ќе бидат конструктувни:

„Ние се надеваме дека секој од нас ќе говори, без тенденција тоа да се опструира и се очекува до петок да заврши.“

Најдолги дискусии на собраниската седница најавуваат пратениците на ВМРО-Народна, односно поддржувачите на екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски:

„Планираме целата пратеничка група да се вклучи во владата. Главно ќе се осврнеме на програмата што ја нуди мандатарот. До кога ќе трае расправата? Па, се додека не ги искажеме сите наши ставови,“

изјави пратеникот Жарко Караџовски.

На почетокот од седницата, мандатарот Владо Бучковски ќе ја претстави програмата за работа на наеговиот кабинет. За разлика од претходниот состав на владата во новиот кабинет на Бучковски ќе се најдат девет нови министри.
XS
SM
MD
LG