Достапни линкови

logo-print

Законите мора да се спроведуваат на целата територија од земјава


Ќе заминеме во Кондово, тогаш кога за тоа ќе постои согласност и од страна на жителите на ова село. Раководството на партијата денеска не е заминато во Кондово, изјавува протпаролот на ДПА Сулејман Рушити по вечарашните најави дека претставници на ДПА ќе заминат во Кондово на разговори со вооружените лица од ова село, во обид за решавање на ситуацијата.

„Конкретно ние сме спремни да придонесеме за решавање на кризата во Кондово, но тоа не зависи само од една страна, тоа зависи од жителите на Кондово.“

изјавува портпаролот на ДПА Сулејман Рушити.

За информацијата дека силите на КФОР на Косово се распоредуваат на македонско косовската граница, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ. Претставниците на КФОР од Покраината велат.

„Тоа не е точната ситуација. Точната ситуација е дека трупите на КФОР спроведуваат вообичаена операција во рамки на мисијата и додека операцијата е во тек не можеме да даваме повеке информацци.“

изјавува мајор Жиом Лирој, од мисијата на КФОР на Косово.

Инаку вчера, можна акција за решавање на кризата во Кондово, најави и претседателот на државата Бранко Црвенковски, според кој „периодот на политичко влијание и посредување е исцрпен и инстицутциите на државата треба да си ја завршат својата задача“. Коментирјаќи ги средставата за решавање на ситуацијата, експертите децидно изјавуваат дека „законите“мора да се спроведуваат на целата територија од државата. Професор Панде Лазаревски во оваа насока вели:

„Државата треба да си ги практикува своите надлежности и да го обезбеди редот и мирот на целата територија на земјава. Во спротивно, ако важи исклучок за едни, тогаш ќе важи исклучок и за сите други и тогаш нема да има исклучоци, исклучоците ќе станат правило. Значи, државата треба да си ги практикува своите надлежности.“
XS
SM
MD
LG