Достапни линкови

Лондон: Посети на Силвио Берлускони и Герхард Шредер


Напорите на Турција за членство во Европската Унија беа главна тема на синоќешните одвоени средби во Лондон меѓу британскиот премиер Тони Блер и италијанскиот премиер Силвио Берлускони и германскиот канцелар Герхард Шредер. Овие разговори, според аналитичарите, биле во контекст на подготовките на самитот на Унијата шту утре и задутре ќе се одржи во Брисел а на кој треба да биде решено дали Европската Унија да ги почне преговорите за членство со Турција. Британија, Италија и Германија се на став овие преговори да стартуваат во идната година.
XS
SM
MD
LG