Достапни линкови

Атина: Вооружени лица грабнаа автобус со 26 патници


Двајца вооружени луѓе изутрината во едно предградие на Атинаа киднапираа автобус со дваесет и шест патници. Припадници на грчката полиција го имаат опколено автобусот, а во тек биле обиди за започнување преговори со киднаперите. Агенциите јавуваат дека грабнувачите барале да бидат префрлени на атинскиот аеродром за да ја напуштат Грција. Возачот и кондуктерот кои успеале да избегаат од автобусот изјавија дека киднаперите биле Албанци, но постојат и извештаи дека тие биле Руси. Грчките власти одбиваат да ја соопштат националноста на грабнувачите и соопштија дека станува збор за странци кои говорат грчки јазик. Според најновите информации, тие ослободиле петмина патници, од кои три жени, поради тоа што биле во лоша здравствена состојба.
XS
SM
MD
LG