Достапни линкови

Темна слика за Африка и екс советските републики


Годишниот извештај за состојбата на децата во светот што го објави УНИЦЕФ дава темна слика за африканските земји, но и за поранешните советски републики. Извештајот се фокусира врз три најголеми закани со кои се соочуваат децата: сиромаштијата, конфликтите и сидата.

За два пати во изминативе два месеца, извештајот на УНИЦЕФ забележува сериозни недостатоци во однос на состојбата на децата во земјите од Африка и поранешниот Советски Сојуз што се однесува до трите најголеми закани по нив.

„Главната порака е дека сите овие три големи закани, сиромаштијата, сидата и конфликтите се присутни во овие региони. Иако постојат разлики во степенот на нивната застапеност, сепак ниту една тамошна земја не е целосно ослободена од нив.“

вели Гаспар Фајт, еден од раководителите на УНИЦЕФ кој додава дека во подготвата на извештајот била вршена компаративна анализа на земјите во повеќе сфери, вклучувајќи го здравството, образованието и економијата. Смртноста на децата под пет години, клучниот индикатор за здравствената заштита на децата, останува проблем за многу поранешни советски републики, посебно за оние што се наоѓаат во Централна Азија и Кавказот. Обединетите Нации во милинеумските задачи си поставија за цел намалување на оваа сртност за две третини до две илјади и петнаесетата година. Но во извештајот се наведува дека десет поранешни советски републики не преземаат ништо за да ја намалат сртноста кај децата. Станува збор за: Русија, Белорусија, Украина, Летонија, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. Тие продолжуваат да страдаат од сида епидемијата, сиромаштијата и внатрешните војни. Според Фајт, децата сепак се најпогодени од сиромаштијата. Таа, како што додава, не дозволува да бидат преземени поконкретни мерки за здравствена заштита на децата и покрај тоа што во поранешните советски републики има поголем број квалификувани лекари и учители од оној во другите земји во тој регион.

„Ако нема транспорт до болницата, таа е бескорисна. Ако нема лекови, што ќе ти се доктори. Затоа владите треба да да си речат; дајте нешто да преземеме за да ги решиме ваквите проблеми.“

вели Фајт, додавајќи дека за тоа се потребни и реформи во системот за заштита на децата кој е останат од комунизмот.

„Многу деца ги губат родителите бидејќи тие умираат. Многу деца ги губат семејствата поради разводи и мигарции предизвикани од конфликтите и сиромаштијата. Државата тука најчесто интервенира со сместување на тие деца во сиропиталишта каде што пак условите се далеку под оние неопходните.“

вели Фајт. Сепак постојат и успешни приказни, велат експертите. Притоа, тие како пример ја наведуваат Македонија која ја намали сртноста кај децата преку имплементирање на програми за таканаречена пренатална заштиата.
XS
SM
MD
LG