Достапни линкови

Состојбата во Македонија и регионот тема на разговорите


Состојбта во Македонија и регионот беа теми на разговорите на директорот за операции на Балканот во Северноатлантската алијанса, Роберт Сери и претставници на македонските власти. Тој се сретна со министерот за одбрана во оставка и мандатар за состав на новата влада Владо Бучковски, шефот на македонската дипломатија, Илинка Митрева, како и со претставникот на Европската унија во земјава Мајкл Салин.

Во контекст на случајот Кондово Сери смета дека македонската влада И надлежните институции имаат капацитет да се справат со ситуацијата

„Овде сум само на еден ден во Скопје, утре ке има средба на Контакст групата И всушност тоа е причината за мојата посета. Ова го велам бидејки сум изненаден од некои информации што се пласирани дека доагам во вашата земјата за да посредувам да се решИ случајот во Кондово, тоа воопшто не е така. Јас целосно верувам во владата дека оваа криза наскоро ке биде решена И така треба да се решаваат работите во Македонија,“

изјави Сери. Говорејќи за состојбата во регионот тој вели дека нема причина за грижа поради можна дестабилизација и посочи дека наредната година ке биде клучна за Косово:

„Јас мислам дека немаме причина за посебна загриженост. Ние знаеме дека наредната година ќе биде многу клучна за Косово И затоа НАТО одлучИ да има големо присуство таму. Во исто време јас се радувам бидејки наредната година може да се очекува И поголем прогрес во Косово кој е особено важен и потребен да се постигне за понатамошниот развој на регионот поточно Балканот.“
XS
SM
MD
LG