Достапни линкови

Има низа тактички мерки што може да се преземат за случај како Кондово


Има низа на тактички мерки што може да се преземат кога има ваков случај како Кондово, изјави Барт Дуг, шеф на полициската мисија на Европската унија, Проксима кој посочува дека најчесто во вакви случаи има и криминални и политички елементи. Но, според него најважно е да се реши случајот

„За полицијата не е многу важно кои се мотивите зад тоа, има ситуација и мора да се реши. Но, во овие работи често, освен криминал, има и политички елементи, односно некој кој има политички аспирации ги користи криминалните групи. Ситуацијата не е решена, бидејки во земјава прво имаше референдум, потоа оставка на премиерот и разговори за состав на нова влада. И сега конечно некој ке треба да превземе одговорност и да го реши случајот во Кондово. Секоја влада кога се соочува со ваков случај има на располагање низа тактички мерки, само треба да реши што ке преземе. Мислам дека надлежните треба да ги разгледаат сите опции и оти имаат капацитет да го решат тоа. Ова се групи кои се евидентирани три недели пред одржување на референдумот,“

вели Дуг.

Првиот човек на мисијата Проксима чиј мандат завршува на 15 овој месец оценува дека во изминатите 14 месеци додека тој работеше на реформите во полицијата, направен е голем прогрес.

„И покрај се Министерството за внатрешни работи направи многу, и тоа во сите сектори како гранична полиција, крим полицијата и слично. Сепак има уште работоа,“

изјави Дуг и додаде дека треба интензивно да се продолжи со спроведување на реформите

„Тие не може да прекинат сега, тие мора да продолжат да се спроведуваат професионално, наредната година ке се отвори и посебен оддел за борба против организираниот криминал,.треба да се имплементираат низа проекти, мерки за градење доверба, соработка со јавните обвинители и судиите треба да се подобри. Тоа е тешка работа, но полицијата е подготвена да го спроведуваа тоа.“
XS
SM
MD
LG