Достапни линкови

Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел, меѓу другото, се очекува да заземат став и за аспирациите на Турција за членство во Унијата. Одлуката дали во наредната година ќе започнат преговорите со Турција треба да биде донесена на самитот на Унијата, закажан за крајот на наредната недела. Преставници на Унијата денеска ќе разговараат и со иранскиот преговарач Хасан Рохани за спороведувањето на договорот за замрзнување на нуклеарните активности на Техеран.
XS
SM
MD
LG