Достапни линкови

Европска Културна Конвенција во Вроцлав


Пред 50 години европските лидери добија идеја да искористат културата за лекување на раните од Вторта Светска Војна и новите поделби од Студената Војна. Во Вроцлав – Полска еминиентни лица и експерти од Европа се собраа да ја прослават Европската Културна Конвенција која продонесе сето тоа да се надмине, како и да се воочат новите предизбици на мултикултурна Европа.

Европската Културна Конвенција е еден од помалку познатите меѓународни договори. Меѓутоа, таа повеќе од 50 години тивко го промовираше заедничкото разбирање меѓу културите и продонесе за надминување на старите разлики. Тери Дејвис е генерален секретар на Пан европската демократија која го создаде Советот на Европа.

„Визијата на Културната Конвенција е визија на неподелена Европа. Таа стана еден вид премин низ железната завеса и чекор кон целсоно членство во Советот на Европа.“

Идејата се состоеше во тоа да се сочува сопствената култура, но и да се научи за другите. Конвенцијата според подржувачите, помогна во тој период да се премостат предрасудите од историското учење, да се постават стандарди за заштита на наследството, да се промовира изучувањето јазици и да се постават меѓународни договори за борба против насилството во спортот. Старите разлики сега ги нема но Европа и натаму се соочува со предизвици. Шимон Манди е британски писател и советник за културна политика. Тој вели дека повеќето запаливи прашања во Европа се намерите за оградување на културното изразување.

„Без разлика дали тоа е во Ирска, Шпанија, на Балканот, Источна Европа или сега на Кавказот , тоа е неуспех на договор околу тоа која верзија на историјата заслужува респект, кој јазик највеќе се зборува и кој ги држи клучевите за цивилизацијата и причините за немир.“

Нови линии на поделба и тензии се исцртуваат во европското растечко муслиманско малцинство и не муслиманското мнозинство, вели Тери Дејвис.

„Култруниот и религиозниот идентитет некогаш се користи во Европа за оправдување на меѓу етничките тензии, расизмот, анти семтизмот, ксенофобија дури и вооружени конфликти. Затоа е клучно да се сфати дека Советот на Европа се мобилизира за да се соочи со новите предизвици и нашата работа на полето на културата останува фундаметална.“

Токму затоа делегатите на Вроцлавската средба се заложија за зголемување на интер - религискиот дијалог во Европа.
XS
SM
MD
LG