Достапни линкови

Киев: Лидерот на опозицијата започнува тестирања за мистериозното заболување


Лидерот на украинската опозиција Виктор Јушченко, како што јавуваат агенциите, денеска ги започнува тестирањата кои треба да покажат што стои зад неговото мистериозно заболување. Имено. Јушченко вчера пристигна во една приватна клиника во Виена каде што докторите во текот на викендот ќе извршат неколку испитувања за да се види дали неговото заболување е последици од труење. Јушченко чие лице е прекриено со рани ги обвини украинските власти дека за време на предизборната претседателска кампања се обиделе да го отрујат.
XS
SM
MD
LG